Во Албанија e регистрирана првата жртва од вирусот на грип Х1Н1, попознат како свински грип.
Станува збор за И.М. 30-годишна жена, која во Универзитетската болница „Шефќет Ндрочи“ во Тирана била хоспитализирана во тешка здравствена состојба.
– Пациентката беше во тринаесеттата недела од бременоста, беше дијабетичар, боледуваше и од акутна респираторна инфлуенца, анемија и пневмонија – стои во соопштението на Министерството за здравство.
Според Министерството, во Албанија констатирани се 26 случаи на заразени од вирусот Х1Н1, додека со сезонски грип регистирани се 16.500 случаи.
Според медиумите, во Косово регистрирани се осум случаи на заразени со вирусот АХ1Н1, од кои тројца се во тешка ситуација и се хоспитализирани во инфективната клиника во Приштина, додека петмина се пуштени на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вакцинацијата против грип почнува вo понеделник
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија



