| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за Иванов

dik-kv

Откако на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ огромен број од делегатите одлучија да застанат зад Иванов и тој да биде претседателски кандидат на владејачката партија, масовна поддршка актуелниот претседател добива и од граѓаните, објави „Курир“.

Ѓорге Иванов денеска освои вкупно 1099 гласови на Конвенцијата, а останатите негови тројца противкандидати заедно освоија само 135. Масовната поддршка за Иванов која започна на Конвенцијата продолжува и од страна на граѓаните.

Оваа фотографија од пред канцеларијата на Државната изборна комисија во општина Кисела Вода, покажува дека изборот на владејачката партија да му укаже доверба на Иванов и тој да се бори за втор мандат е целосно оправдан од народот.

Покрај во Кисела Вода, граѓаните масовно излегуваат да го дадат својот потпис за поддршка на Ѓорге Иванов и низ цела Македонија. Ваквата масовност покажува дека граѓаните застануваат зад изборот на партиските делегати на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска убедливо го поддржаа за Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top