Воспоставен е систем кој овозможува користење на напредни компјутерски системи, електронска транзитна декларација, а царинските формалности во целост се завршуваат електронски.
– Македонската царина е рамноправна со европските. Овозможува брз и безбеден проток на луѓе и стока при што драстично е намалено времето на чекање на граничните премини – вели директорката на Царинската управа, Наташа Радеска Крстевска.
Новиот компјутерски транзит систем, во првата фаза ќе функционира на национално ниво. Ќе го контролира движењето на стоки помеѓу две места во рамките на државата. Истиот во иднина ќе овозможи следливост на ниво на цела Европа.
– Неговата употреба на национално ниво претставува почетна и преодна фаза кон многу значајното пристапување на Заедничкиот транзитен систем на ЕУ. Во следната фаза, преку негово поврзување со системите на ЕУ ќе се овозможи непречено движење на стоковите пратки во и од Унијата, без царински формалности на надворешните гранични премини на ЕУ, и дополнителна придобивка во забрзувањето и олеснувањето на размената на стоки со најзачајните економски партнери на Република Македонија – вели Радеска.
Преку новиот транзитен систем се олеснува комуникацијата помеѓу Царината и компаниите. Електронски можат да се поврзат од секој дел на територијата на Македонија за да поднесат царинска декларација. За поголемите капацитети овозможено е поврзување преку посебен софтвер се со цел комплетно да се исфрли хартиеното работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



