| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 100 кражби на струја во Струга во 2012 година

-Од почетокот на годината екипите на ЕВН Македонија и истражните  судии спроведуваат интензивни технички контроли на мерните места кај корисниците. Само во Охрид од направените 300 контроли на мерни места утврдени се над 30 кражби. Против сите корисници се поднесени кривична пријава и подготвени им се пресметки за неовластено користење на електричната енергија. Покрај овие случаи на кражби на електрична енергија од судот се чека разврска уште на 40 – тина  случаи кои се откриени во Охрид и околните населени места на крајот на минатата година – велат од ЕВН.

Тие посочуваат дека во Струга и околните населени места во 2012 година откриени се над 100 кражби, а годинава  во контролите спроведени во јануари и февруари се откриени 10. Над 80% од кражбите во Струга биле манипулации на броилата, а само над 10% директни кражби. Против сите биле поднесени кривични пријави и пресметки за неовластено користење на електрична енергија.  ЕВН најавува дека контролите ќе продолжат и натаму со цел ЕВН да ги заштити корисниците кои не ја крадат и редовно плаќаат за потрошената електрична енергија, како и да го заштити системот кој најмногу страда од кражбите на електрична енергија.

-Со цел да се засили битката со крадците на енергија покрај утврдените високи парични казни, од почетокот на годината стапија на сила и измените и дополнувањата на кривичниот законик. Со нив кражбите на сите видови енергија претставуваат кривични дела казниви со  казна затвор до 5 години. Штетите од кражбите се многукратни, не само финансиски за компанијата и државата туку се опасни пред се по животот и здравјето на оние кои кои живеат во близина на кражба на електрична енергија бидејќи често се случуваат експлозии и пожари – додаваат од ЕВН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top