| четврток, 6 декември 2018 |

Французите и Италијанците прваци во изневерување

Французите и Италијанците се прваци во изневерување на жени во Европа, повеќето од нив половина подлегнале на тој предизвик, покажа анкетата на Ајфоп (ifop) спроведена во шест земји.

Процентот неверни мажи е помал во доминантно протестанските земји како што се Велика Британија (42 отсто) и Германија (46 отсто), покажува анкетата која е спроведена во Франција, Германија, Шпанија, Италија, Белгија и Велика Британија.

– Оланд и Берлускони, меѓународно познати по аферите на љубовен план, поточно најдобро ги претставуваат своите држави, рече Франсоа Краус, директор за истражување на Ајфоп.

Анкетата потврдува разиграниот карактер на Французите и клишето за Италијанците како латино-љубовници, додава Краус.

Што се однесува на женскиот пол, од нив 32 отсто ги изневериле мажите во Франција, а 34 проценти во Италија. Французите најмногу позитивно одговарале на прашањето, дали барем еднаш во иднина би биле подготвени да ги изневерат сопругите – дури 35 отсто тоа би го направиле, кога би биле сигурни дека тоа нема да се дознае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top