| четврток, 6 декември 2018 |

Царината ќе го промовира новиот компјутеризиран транзитен систем

Царинската управа денеска официјално ќе започне да го употребува новиот Компјутеризиран транзитен систем на национално ниво. Царинската транзитна постапка претставува една од основите на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси.

Како што соопшти управата, новиот Компјутеризиран транзитен систем на национално ниво овозможува движење на стоки во транзитна постапка меѓу кои било две места во кои било земји-членки на Конвенцијата за заеднички транзит, со користење на една единствена транзитна декларација во електронска форма и единствена гаранција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top