Смена со петиција, пресуди за навреда и клевета, обвинуван дека го негира хрватскиот идентитет – контроверзниот хрватски историчар на уметноста и книжевноста, поет и есеист Звонко Маковиќ се дрзна да зборува за македонската историја, македонската култура и идентитет.
„Блебеталото“, како што го нарекуваат хрватските медиуми поради многуте навреди и клевети кои ги упатил кон познати и докажани хрватски уметници и политичари, дојде во Скопје да ни каже дали треба да имаме галии во Вардар, дали Александар Македонски треба да стои на Плоштад и какви објекти треба да се градат. Чиниш тој плаќа за нив.
– Јас ја проучувам идеологијата на нацизмот, доктрината на Хитлер која ја унакази Германија, кога власта, властодржецот директно диктирала како ќе изгледа Германија -рече Маковиќ, блебеталото, кое беше обвинето дека го негира хрватсиот идентитет.
И самиот е свесен дека Хрватска не би дозволила некој однадвор да ја критикува и навредува земјата, да збори против проектите во Загреб, изгледот на градот, а уште помалку да посочува дека хрватската власт работи според идеологијата на нацизмот. Истиот тој во Хрватска би бил осудуван за навреда на националниот идентиет и веројатно на истиот би му било забрането повторно да влезе во земјата. Ама не и кај нас.
Маковиќ, сигурно, повторно би бил повикан во земјата да ни кажува кои сме и какви сме, и притоа многу гостопримливо ќе биде пречекан од страна на опозицијата, која е жедна за вакви блебетала кои без влакна на јазик плукаат на она што се прави во земјава.
Дојде, навреди и замина. И сега уште ќе биде величен, како оној, нели храбриот, кој имаше храброст да и каже в лице се на власта. Истото тоа се обиде да го направи и во Хрватска и чиста среќа што не заврши в затвор. Ама затоа кај нас е цар, бог над боговите…
И до кога вака ќе бараме странци кои ете, немаат влакна на јазик за да зборуват против нашата земја? А Маковиќ е докажан мрчатор, човек кој знае замо да навредува и критикува, и судејќи според она што го пишуваа хрватските медиуми, најчесто неосновано.
Угледни хрватски културни работници покрнаа петиција за негова смена од позицијата претседател на Одборот за култура на Загреб. Го обвинуваа за злоупотреба на полжбата, јавно напаѓање и навредување на угледните интелектуалци.Истиот тој беше пријавен во полиција за закани.
– Што се однесува до неговите емоцијални испади, јас не сум психијатар, туку доктор за театрологија и драматургија – коментираше актерката Витомир Лончар, која го тужеше Маковиќ.
Од каде тој комплекс на опозицијата да носи „интлектуалци со емоцијални испади“ кои во сопствената земја имаат проблеми со законите поради неосновани обвинување, да исправаат криви дрини во Македонија, да критикуваат, да плукаат и навредуваат?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст