
Припадниците на Полкот за специјални операции денеска во скопската касарна „Илинден“ со свеченост го одбележаа нивниот јубилеј „20 години сили за специјални операции“.
„Волците“ и „ренџерите“ на АРМ, потенцира началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, 20 години се гордост на Армијата, и синоним за храброст, врвна обученост и успех.
– Високиот рејтинг и почитта ги стекнавте со пот и несебично залагање и многупати покажавте дека сте луѓе од народот кому секогаш му помагате во тешки моменти – истакна Котески.
Тој најави оти во наредниот период критериумите за да се биде припадник на „волците“ и „ренџерите“ ќе бидат поригорозни и во согласност со новите безбедносни предизвици и закани.
Од 2002 година до денес во меѓународните операции биле распоредени преку 3.300 припадници на Армијата. Во последната година, исто како и во претходните три години, постојано се распоредени околу 170 лица воен персонал во четири меѓународни операции – ИСАФ, КФОР, ЕУ АЛТХЕА и УНИФИЛ во Либан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


