| четврток, 6 декември 2018 |

Пијаните возачи во Србија ќе одат на трезнење, а потоа во затвор

pijanici

Во Србија од утре, во согласност со новиот Закон за сообраќај по патиштата, доколку по проверката од страна на полицијата се утврди дека возачот има најмалку 1,2 промили алкохол во крвта, тој веднаш ќе биде испратен на трезнење, а 12 часа потоа изведен и пред дежурен судија, пишува весникот „Блиц“.

Судијата потоа веднаш ќе донесе одлука за казната, односно одземање на возачката дозвола, парична казна или затвор. Доколку лицето биде казнето со затвор, веднаш ќе биде испратен на отслужување на казната.

Истата процедура ќе биде применета и за возачите, кои одбиваат да бидат тестирани за алкохол или се обидуваат да ѝ избегаат на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top