| четврток, 6 декември 2018 |

Десетта жртва од грип – почина струмичанец на Клиниката за инфективни болести

infektivna

Шеесетгодишен пациент од Струмица е десетта жртва од грип, соопшти Клиниката за инфективни болести во Скопје. Кај него била потврдено присуство на инфлуенција тип Б.
Пациентот 10 дена бил хоспитализиран на клиниката со тешка клиничка слика и со повеќе хронични заболувања, како што се акутна бубрежна слабост и хронична миокардиопатија. И покрај спроведената антивирусна терапија и вложени максимални напори на лекарите од Инфективната клиника, поради масивната билатерална бронхопневмонија пациентот починал.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 105 пациенти, од кои шест се во потешка здравствена состојба и се лекуваат на одделението за интензивна нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top