| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Орданоски задолжен за координација на меѓународните активности на Европското тело на регулатори

ordanovski

Делегација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на чело со директорот Роберт Орданоски присуствува на Пленарната седница на Групата на независни регулатори (IRG) и Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Стокхолм, Шведска, и тоа за првпат во својство на потпретседател на овие две организации.

На оваа седница присуствуваа највисоките претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европска Унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА.

На состанокот беа донесени низа документи од областа на регулација на електронските комуникации и се дискутираше и за состојбата со предложената регулатива од страна на Европската комисија, “Мерки во врска со Европски единствен пазар за телекомуникации за создавање на поврзан континент”, која се очекува наскоро да биде разгледувана од Европскиот парламент и за новата нацрт препорака за релевантни пазари за екс анте регулација која е предложена од страна на Европската комисија и се очекува да биде усвоена во четвртиот квартал од 2014 година.

ordanov2

На седницата исто така беа поделени работните задачи и одговорности на петте потпретседатели на IRG и BEREC. На Директорот на АЕК, Роберт Орданоски, му беше доделена работна задача да ги координира меѓународните активности на Европското тело на регулатори за електронски комуникации, посебно со регулаторните тела на САД, земјите од Медитеранската група, земјите од Источното партнерство на ЕУ и земјите од Азија (Јапонија, Јужна Кореа, Кина и Сингапур).

Директорот на АЕК се заблагодари за укажаната доверба да го претставува Европското тело на регулатори за електронски комуникации и вети дека со својот тим ќе направи се што е потребно да ја подобри и унапреди соработката на меѓународно ниво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top