| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон добива трка во Формула 1

Британскиот магазин „Тајмс“ објави дека во иднина и Лондон би можел да добие трка во рамките на светскиот шампионат во Формула 1.

Лидерите на најбрзиот циркус во светот оваа недела ќе утврдат дали се исполнети условите што се потребни за одржување на трката. Неопходно е Собранието да донесе акт со кој привремено ќе се укине ограничувањето на брзината на улиците во Лондон.

Овој проект го поддржува и сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, кој во 2012 година понуди помош од 35 милиони фунти за реализирање на оваа идеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top