| четврток, 6 декември 2018 |

Лани во државава се слеале 251,5 милион евра странски инвестиции

nbm

Во државава во 2013 година се регистрирани странски инвестиции од 251,5 милион евра, објави Народна банка на Македонија.

Според последните податоци за влез на странски капитал во државава, само во декември лани се регистрирани странски инвестиции од 28,8 милиони евра.

Од вкупната вредност на странските инвестиции, 147,7 милиони евра се акционерски капитал.

Тоа значи дека странските инвестиции за 2013 година се за три и пол пати поголеми, споредени со 2012 година, кога НБ регистрираше вкупен прилив на странски инвестиции од 72 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top