| четврток, 6 декември 2018 |

„Подарете мартинка за среќа на најблиските“, утре во „Скопје сити мол“

martinki

По повод „Среќна Баба Марта“, ХАЕМУС – центарот за научно истражување и промоција на културата од Скопје, како и секоја година, и оваа година ќе го прослави во исто време доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење мартинки.

Оваа година настанот под мотото „Подарете им мартинка за среќа на најблиските“ го организира УНЕСКО клубот ХАЕМУС, во соработка со Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Институтот за фолклор ,,Марко Цепенков”. Настанот ќе се случува во „Скопје сити мол“, од 11 до 14 чачсот, а се прави како поддршка за мултинационалната апликација до УНЕСКО, во која учествува и Македонија, заедно со Романија, Бугарија и со Молдавија.

hitportal-martinka

Целта е заштита на мартинките како нематеријално светско културно наследство.
Изработката и подарување мартинки на најблиските е традиција која во Република Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се подаруваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката.

Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1 март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.
ХАЕМУС ги почитува мартинките како нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top