| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна седница на украинскиот Совет за национална безбедност посветена на Крим

ukrain parlam

Привремениот претседател на Украина, Олександр Турчинов, свика вонредна седница на Советот за национална безбедност посветена на ситуацијата во Крим.

Турчинов ги обвини руските сили дека се вмешани во ескалацијата на тензиите во автономната република. Во меѓувреме, на Крим допатува украинскиот министер за одбрана, Игор Тењух.

Врховната рада усвои резолуција во која се повикуваат САД и Велика Британија, како потписнички на Будимпештанскиот меморандум, да бидат гаранти на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина по заземањето на двата аеродрома на Крим од страна на вооружени лица.

Будимпештанскиот меморандум е меѓународен договор, склучен од Украина во 1994 година со САД, Велика Британија и во Русија, кои станаа гаранти за нејзината независност во замена за предавање на нуклеарното оружје.

Парламентот, исто така, упати повик и до Русија да ги прекине сите активности кои претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Украинскиот пратеник Олег Љашко предложи денеска во Парламентот да бидат поништени Харковските договори, се кои се утврдени условите за престој на руската црноморска флота во Украина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top