| четврток, 6 декември 2018 |

„Маркард“: Ќе вработиме 600 луѓе во фабриката во Велес

Marquardt

Лудгер Шонекер, менаџер од корпорацијата „Маркард“, една од германските инвестиции во Македонија, на синоќешниот деловен форум во Штутград, организиран во соработка со „Фајненшл тајмс“,  рече дека ќе почнат со изградба на фабриката во Велес во април 2014 година.

– Планираме да завршиме во април 2015 година и да почнеме со проиводство, а ќе вработиме 500-600 луѓе – истакна тој и додаде дека своето проиводство од фабриката во Македонија ќе го пласираат во Германија.

Произведува автомобилски делови за „мерцедес“, „ауди“ и БМВ. Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра.

Германија е трет најголем инвеститор во Македонија и нејзин прв трговски партнер.

Компанијата „Маркард“ има 12 канцеларии во десетина земји – Германија, Америка, Кина. Само лани фирмата остварила промет од 650 милиони евра. Произведува електронски клучеви, контролни табли за управувачи, централни конзоли за врати и прозорци. Деловите се вградуваат во добро познати марки автомобили, како БМВ, „рено“, „тојота“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top