Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за српска „Политика“ вели дека само делумно се променети двете отворени прашања меѓу Македонија и Србија- односите меѓу СПЦ и МПЦ, и различните ставови во поглед на Косово.
Попоски вели дека СПЦ има проблем да ја признае МПЦ и покрај тоа што веројатно сите би биле среќни односите покрај духовните да се и канонски признати.
– Лично не мислам дека двете држави треба да се занимаваат со духовни теми. Секако дека ниту еден Македонец, без оглед на тоа дали е верник или не, не гледа со воодушевување кога таа институција е оспорувана бидејќи носи и идентитетски карактер – објаснува Попоски.
Тоа, како што предупредува Попоски, не ретко се интерпретира како дел од поширока негација на македонскиот идентитет, а во суштина би требало да биде прашање за самата црква.
– Не мислам дека проблемот е нерешлив, но, исто така, не сум убеден дека не можеме да живееме без некакво решение, особено ако би било штетно за пошироките македонски интереси – заклучува Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.