| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Русија даде гаранции за Украина

jon keri sergej lavrov

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера добил уверување од Русија дека ќе го почитува суверенитетот на Украина и дека воените вежби во близина на нејзините граници не се вовед во воена интервенција во таа земја.

Кери рекол дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му пренел дека големите воени вежби во близина на Украина, во кои учествуваат околу 150.000 припадници на руската копнена војска, авијација и морнарица, биле претходно планирани и дека никако не се поврзани со кризата во таа земја.

Државниот секретар на САД, исто така, изјавил дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата во Украина за да се увери дека Русија го почитува зборот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top