| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кунис би се соблекла, но не би зборела за Ештон

Прекрасната актерка Мила Кунис се појави на насловната страна на списанието “Allure” за месец март. Таа ја покажува нејзината природна убавина, а кога природата дарувала, се заборавила. Мила за ова списание ја покажала својата природна убавина. Фотографот Марк Џејкобс ја фотографирал Мила во џемпер и долна облека.

Во нејзиното сексиполно тело ужива актерот Ештон Качер, но таа се уште не сака да зборува за нејзината нова врска. Таа и Ештон се познаваат веќе 14 години, се запознале на снимањето на серијата “Луди 70-ти”.

Мила рекла дека 4 години била сама, и објаснува дека тоа и бил неверојатен период од животот. Ѕвездата на “Црниот лебед”, објаснила дека не и било проблем да ги покаже градите во филмот “Friends with Benefits”, во кој глуми со Џастин Тимберлејк, и дека не сака да зборува за врската со Ештон.

Во последно време Мила и Ештон немаат многу време еден за друг, бидејќи се зафатени со снимање на филмови. Ештон го снима филмот за Стив Џобс, додека Мила работи на шест филмови.

mila-kunis-covers-allure-magazine-march-2013-02

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top