Во неделата, див леопард трчал низ прометните улици на Мерут, град 40 милји северно од Њу Делхи, Индија, при што повредил седум лица, меѓу кои и државни службеници вооружени со успокоителни стрели и стапови, кои се обиделе да го фатат.
Еден полицаец бил примен во болница со голем и длабок рез во рамото. Големата мачка избезумена претрчувала по покриви, во кино, низ болница, и на градилишта.
Училиштата и продавниците во тој момент биле затворени, па не дошло до посериозни проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.