По иницијативата за поддршка на претседателот Ѓорге Иванов зад која застанаа голем број македонски интелектуалци, како и еминентни членови на ВМРО-ДПМНЕ, поддршка за претседателот Иванов пристигнува и од огромен дел од македонската дијаспора. Според информациите до кои дојде „Курир“, над 20 организации и еминентни личности од дијаспората се приклучија кон иницијативата за поддршка на актуелниот претседател во трката за втор претседателски мандат.
Македонската дијаспора од Утрехт (Холандија), македонската дијаспора од Гетеборг (Шведска), македонската дијаспора од Босна и Херцеговина, македонската дијаспора од Швајцарија, членови на македонската заедница во Србија, како и членови на Македонска бизнис асоцијација од Канада изразија поддршка за Иванов.
Исто така, актуелниот претседател има поддршка и од Џими Шмагранов – претседател на oрганизација „Обединети Македонци“ од Канада, Ѓорѓи Михајлов – претседател на Австралиско-македонска стопанска комора, д-р Зоран Бечваровски – претседател на „Македонско-австралиско здружени на доктори“(AMMSOC), Борче Величковски – претседател на националниот совет на Македонците во Србија, Дијана Штерјовска – директор на „Македонска добротворна организација“ од Мелбурн, Австралија, Андон Дончевски – спортски работник и прв селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Николас Мичковски – Советник во Општината Рокдеил, Австралија.
Кон иницијативата за поддршка на Иванов се приклучиле и Никола Ѓургај – претседател на Македонско друшто „Илинден“ – Тирана, Роберт Петрески од Црковна Општина Св. Наум Охридски во Виена, Австрија, Виолета Матијевиќ – претседател на МКД „Кочо Рацин“ од Копер, Словенија, проф. д-р Валентина Нестор – лектор по македонски јазик при Факултетот за странски јазици од Тирана, Албанија, Маја Доневска-Ивановска – претседател на Друштво на писатели „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, Блага Петреска – претседател на Хуманитарно здружение „Надеж“ од Мелбурн, Австралија, Стефан Костоф – претседал на компанијата „Green Business“ од Аделајде, Австралија.
Меѓу оние кои застануваат зад Иванов се и Петар Ристевски – советник во Општината Ливерпул, Австралија, Гоце Ристовски – директор на компанијата „DTM Global Group“ од Мелбурн, Австралија, д-р Сузана Котевска – гинеколог од Мелбурн, Австралија и Зоран Баулоски – сопственик и уредник на Македонско-американски неделник, од Њу Џерси, САД.
Ова покажува дека огромен дел од македонската дијаспора се приклучува на иницијативата покрената од голем број македонски интелектуалци за поддршка на претседателот Иванов, кој изјави дека ќе поднесе кандидатура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи в сабота, на 1 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.