| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од лекарите не го прифаќаат договорот со Тодоров

Од независниот Синдикат на Клинички центар не го признаваат договорот меѓу министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Синдикатот за здравство Љубиша Каранфиловски

249167Синдикатот на Клиничкиот центар и дел од гранковиот здравствен синдикат од општата градска болница „8 Септември“ не го потпишале понудениот договор за прекин на штрајкот од страна на министерот за здравство.

Додатокот на колективниот договор, кој го понудил министерот Тодоров, не бил истиот што бил ветен кога штрајкот бил ставен во мирување, и по повеќечасовни исцрпувачки преговори синдикалците решиле да не го потпишат понуденото.

Оттаму велат дека ова не значи дека ќе продолжи штрајкот, туку дека тие ќе продолжат низ преговори со министерот да бараат решение и ќе се обидат да постигнат компромис.

Договор со Министерството потпишале само преставниците на гранковиот синдикат, кој ги преставува сите работници во здравството, но кој воопшто не штрајкуваше, иако штрајкуваа голем дел од неговите членови.
Според информациите доцна синоќа во потпишаната спогодба меѓу Министерството и гранковиот синдикат стои дека плаќањето според сработеното место месечно ќе се пресметува квартално, сменети се и бодирањата така што лекарите ќе имаат поголема можност да земат сто проценти од платата.
Договорено е и зголемување на платите од 19, 2 за лекарите во период од 15 месеци. Во потпишаната спогодба никаде ги нема платите на сестрите и на другиот медицински персонал, информираат од Синдикатот на Клинички центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top