| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Бибер влезен во затворенички филм (видео)

Младиот канадски пејач во притвор поминал десет часа, а дел од времето го поминал во одржување на формата.

Најверојатно младиот Бибер е обожавател на филмовите во кои затворениците дел од своето време го поминуваат вежбајки, па така и тој направил неколку склека додека бил во притвор.

Безбедносната камера што го снимала неговиот престој во притвор забележала како Бибер се „фрлил“ на подот и почнал да прави склекови.

Џастин Бибер беше уапсен на 23 јануари поради брзо возење под дејство на марихуана и алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top