Французите и Италијанците најмногу ги изневеруваат жените. Според анкетата на „Ифоп“ повеќе од една половина веќе го направиле тоа, пренесуваат медиумите.
Процентот на неверни мажи е понизок во земјите во кои доминира протенстантизмот, како што се Велика Британија (42 проценти) и Германија (46 проценти), покажува анкетата спроведена во Франција, Германија, Шпанија, Италија, Белгија и Велика Британија.
Што се однесува до жените, 32 проценти од нив ги изневериле своите сопрузи во Франција, а 34 проценти во Италија.
Најмногу Французи позитивно одговориле на прашањето дали во блиска иднина би ја изневериле сопругата – дури 35 проценти, со забелешка дека тоа би го сториле само ако не се дознае за изневерувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.