| четврток, 6 декември 2018 |

Пол­не­то пи­ле

пиле

Пе­че­но­то пи­ле са­мо по се­бе е мно­гу вкус­но. До­вол­но е са­мо да го по­со­ли­те и та­ка ис­пе­че­но да го ја­де­те, со гар­нир од пе­че­ни ком­пи­ри. Ние ви пред­ла­га­ме да на­пра­ви­те пол­не­то пе­че­но пи­ле. Во сме­са­та за пол­не­ње има леб или ориз, пи­ле­шки дроб, кро­мид, за­чи­ни… Има по­ве­ќе на­чи­ни да пол­ни­те пи­ле, по­крај овој, со су­ви сли­ви, на при­мер.

Со­стој­ки:

1 пи­ле, те­шко 1,2 ки­ло­грам

60 гра­ма мас­ло за ја­де­ње

Сол

Сме­са за пол­не­ње:

100 гра­ма бел леб

0,5 дл мле­ко

40 гра­ма пу­тер или мар­га­рин

50 гр кро­мид

100 гр пи­ле­шки дроб

1 јај­це, сол, црн пи­пер

Мор­ско орев­че, маг­до­нос

Под­го­то­вка: Со прст се по­диг­ну­ва ко­жич­ка­та на пи­ле­то и вна­треш­ни­от дел се пол­ни со сме­ста за пол­не­ње. По­тоа пи­ле­то се по­со­лу­ва, крил­ца­та се за­вр­ту­ва­ат кон тру­пот, но­зе­те се за­вр­ту­ва­ат за трт­на­та ко­ска и се пе­че в рер­на.

До­де­ка се пе­че, се пре­ле­ва со со­кот што се со­би­ра во та­ва­та. При пе­че­ње­то ‘рбе­тот не тре­ба да би­де оз­го­ра за да не се за­ле­пи ко­жич­ка­та од гра­ди­те на та­ва­та. Пе­че­но­то пи­ле се се­че и по­тоа се ре­ди на чи­ни­ја.

Под­го­то­вка на сме­са­та за пол­не­ње: ле­бот се се­че на коц­ки, кои се по­то­пу­ва­ат во мле­ко. На мас­ло­то се пр­жи кро­ми­дот, се до­да­ва­ат сит­но исеч­ка­но­то цр­но дроп­че на пи­ле­то и исеч­ка­ни­от маг­до­нос. По­себ­но се ма­ти пу­те­рот и ко­га е из­ма­тен му се до­да­ва­ат жолч­ка­та и бел­ка­та, кои се прет­ход­но из­ма­те­ни.

На крај, сѐ до­бро се из­ме­шу­ва и со ва­ка при­го­тве­на­та сме­са се пол­ни пи­ле­то.

Ме­сто леб, мо­же да се упо­тре­би сва­рен ориз.

Пи­ле­то се слу­жи со зе­ле­на са­ла­та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top