Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица по повеќе основи.
За мерката полјоделски култури се исплатени 71,9 милиони денари на 2.853 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.
За градинарско производство на отворено и во пластеници се исплатени 12,6 милиони денари на 758 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар.
За одржување постојните лозови насади се исплатени 24,2 милиони денари на 557 лозари. Финансиската поддршка што ја добиваат лозарите за оваа мерка изнесува 40.000 денари по хектар.
На вкупно 1.803 сточари исплатени им се субвенции во износ од 38 милиони денари за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Субвенцијата по литар млеко изнесува 3,5 денари.
Исплатени се и 23,8 милиони денари субвенции на 1.162 сточари за одгледување кози, при што поддршката по литар изнесува 1.000 денари по грло.
Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Тренов: СДС и Заев не го исполнија ниту едно ветување кон земјоделците