| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје за 24 часа 14 сообраќајки, пајакот отстранил 54 возила

bit pazar pajak

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно десет сообраќајни незгоди.

Од нив четири сообраќајни незгоди се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, еден сопатник, еден возач на мотоцикл и еден патник во јавниот превоз и шест сообраќајни незгоди со материјална штета.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 19 возила, седум од нив се исклучени од сообраќај поради констатирана неисправност на уредите што се од витално значење за безбедно учество на возилата во сообраќај, односно неисправност на системот за запирање или, пак, системот за управување и пневматиците и 10 возила кои учествувале во сообраќај со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и 10 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а пет од нив се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас, а 25 се санкционирање поради користење мобилен телефон при управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 54 возила што го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат возачи кои сториле прекршоци по различни основи.

Во рамки на сообраќајно-воспитните акции денеска отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Васил Главинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top