| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов во посета на Чешка

pretsedatel-ivanov-2

Претседателот Ѓорге Иванов,  на покана на неговиот чешки колега Милош Земан, денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република. За време на посетата Иванов, покрај со претседателот Земан, ќе се сретне и со премиерот Бохуслав Соботка.

Во пресрет на посетата на Иванов, портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек, изјави дека еден од приоритетите на надворешната политика на Чешка е влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, а Македонија е една од земјите-кандидатки во Унијата и се стреми за приклучување кон НАТО.

Овчачек ја повтори поддршката што Чешка и ја дава на Република Македонија цитирајќи ја изјавата на поранешниот шеф на чешката дипломатија Карел Шварценберг пред две години кога при средбата со Иванов рече дека Прага поддржува што е можно најбрзо приклучување на Македонија во Северноатлантскиот сојуз.

Исто така, се потсетува дека и поранешниот премиер Петр Нечас на Македонија ѝ понуди помош со преговорите за пристапување во Унијата, како и дека еден од проблемите кој го кочи приемот на земјата во ЕУ и во НАТО е спорот со Грција за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top