| четврток, 6 декември 2018 |

Писателите одбележуваат 66 години од основањето

ДПМ

Вкупно 66 години од постоењето денеска одбележува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и на свеченоста која ќе се одржи ќе бидат врачени награди за најуспешни книжевни дела објавени минатата година. Наградите денеска ќе ги добијат Весна Ацевска, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга, Лидија Димковска, добитник на наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга, Иван Ивановски, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики и Панде Манојлов, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца. Наградите ќе ги врачи Раде Силјан, претседател на ДПМ.

На собирот ќе зборува Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ. Дваесет и двајца истакнати македонски писатели ќе добијат благодарнци за педесетгодишно членување во ДПМ кое постои од 1947 година. Во него досега членувале 450 писатели од сите генерации, а прв претседател беше Блаже Конески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top