
Фотографиите направени во палестинскиот камп за бегалци Јармук, кој се наоѓа во јужниот дел на Дамаск сведочи за ужасот низ кој секојдневно минуваат најмалку 20 илјади луѓе.

Обединетите нации објавија фотографии на луѓе кои повеќе од една година живеат во кампот, како во замка. Кампот е дом на илјадници палестински бегалци кои за време на израелско-палестинските војни побарале спас во Сирија, но и многубројни Сиријци кои побегнале од оние делови во земјата каде што има вооружени судири.

Околу 20 илјади лица живеат под опсада и се изложени на постојани бомбардирања. Условите во кампот во најмала рака се шокантни. Филипе Гранди, шеф на ОН за помош на Палестинците тврди дека луѓето немаат храна, лекови и чиста вода.

– Кампот е како град на духови – вели тој.
Според податоците на ОН во кампот досега умреле 85 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


