
Рускиот атлетичар Иван Ухов, кој се натпреварува во скок во височина во Прага скокна само еден сантиметар пониско од светскиот рекорд на легендарниот Кубанец Хавијер Сотомајор. Ухов скокна 2,42 метри.
Кубанецот се уште го има најдобриот резултат во сала со своите 2.43 метри, како и светскиот рекорд на отворено од 2.45 метри. Ухов се обиде да прескокне 2.44 метри, но не успеа во својата намера да го надмине остварувањето старо преку две децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


