| четврток, 6 декември 2018 |

Прва жртва на судите во Крим

krim-foto-rojters-1393432767-452321

Маж на возраст околу 50 години е првата жртва на судирите во Крим, јавија странските медиуми. Тој настрадал кога група Татари нападнала група Руси.

Во Крим има судир меѓу поддржувачите и противниците на новата украинска власт. Според странските медиуми, имало тепачка во која имало најмалку 20 повредени лица. Демонстрантите се гаѓале со камења и шишиња, а дошло и до директни судири со тупаници. И полицијата и водачите на двете страни се обидувале да ги раздвојат демонстрантите.

Од околу 2 милиони жители на Крим, мнозинството од околу 60 отсто го сочинуваат Руси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top