| четврток, 6 декември 2018 |

Ромите имаат пократок животен век од другите

роми

Ромите имаат пократок животен век во однос на другите националности за 10 до 15 години, покажуваат анализите на ЕЦПР (од Европскиот центар за правдата на ромите). Ова се должи на поголемиот број на социјални проблеми со кои се соочуваат: домувањето, образованието, пристапот до здравствената заштита. Проблемите со  физичко насилство и слобода на движење.

Ова денеска го истакна Синан Гокчен (ЕЦПР) на средбата со новинари.

Дезидерну Гергели извршен директор на ЕЦПР нагласи дека прашањето за Ромите станува горливо и е многу видливо на политичките агенди, посебно на европско ниво.

– Прашањето за интегрирањето и социјалната инклузија на Ромите стана дел од политичката агенда во контекст во процесот на пристапување на одредени земји кое започна со централна и источна Европа. Ова прашање сега Европа го следи со пристапувањето на земјите од западен балкан, рече Гергели.

На 60 отсто од Ромите кои биле вратени од границите од страна на граничните службеници им било кажано дека ги враќаат бидејќи така им е наредено. Во 90 проценти се укажува на тоа дека само од Ромите било побарано доказ за оправдување на нивното патување. На 30 отсто од Ромите експлицитно им било кажано дека неможат да ја поминат границата поради нивната етничка припадност, односно дека се Роми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top