На „Плоштадот на независноста“ во украинскиот главен град Киев денеска ќе се оддржи т.н. Собрание на демонстрантите, на кое тие ќе предложат состав на новата Влада, соопшти прес-службата на здружението „Мајдан“.
Во меѓувреме, вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, ја распушти специјалната единица „Беркут“.
Рускиот претседател Владимир Путин одржал средба со своите најблиски соработници за безбедност посветена на состојбата во Украина, но детали од разговорот се уште не се познати.
Новите украински власти потврдиле дека ќе развиваат добрососедски односи со Русија и дека со Москва ќе одржат дијалог за формирање на новата украинска Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



