| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца натпреварувачи го напуштија „Икс-фактор“

Во големото финале на „Икс-фактор“ кое ќе се одржи за две недели, ќе учествиваат последните пет кандидати. Токму затоа, продукцијата на шоуто одлучи оваа, седма емисија во живо, да биде последна за двајца натпреварувачи.

Бидејќи вечерва имаше далеку помалку гласови од останатите, Александра Брковиќ, која веќе три пати се најде на дното, го напушти шоуто без дуел или можност да запее песна за спас.

Во борба за место во понатамошниот натпревар останаа Алекса Перовиќ од тимот на Емина Јаховиќ и Маид Хечимовиќ од тимот на Жељко Јоксимовиќ.

После нивните настапи со песната за спас и по изедначениот број на гласови на жирито, според гласовите на публиката, Алекса Перовиќ е вториот натпреварувач кој го напушти шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top