| четврток, 6 декември 2018 |

Познатиот актер е всушност вујко на Алекса (ФОТО)

Како еден од финалистите на „Икс-фактор“, Алекса Перовиќ со помош на своите обожавателки-тинејџерки, од недела во недела, е најозборуваниот и кандидатот за кој најмногу се пишува, барем според статистиките на „Твитер“. Момчето кое го прогласуваат и за кандидат со најубава насмевка, за време на дружењето на финалистите со актерите од филмот „Монтевидео“, се пофали со неговиот познат вујко.

aleksa

Имено, роднина на Алекса е Милош Биковиќ, српскиот актер кој ја толкува главната улога во двата дела и серијата „Монтевидео“. Биковиќ и неговата прва голема улога, онаа на фудбалерот Александар Тирнаниќ – Тирке, му донесоа голема популарност на Балканот.

Во моментот во кино „Милениум“ во Скопје се прикажува „Монтевидео, се гледаме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top