Вкупно 4.273 невработени лица досега поднеле барање до Агенцијата за вработување за добивање паричен надоместок по стапувањето во сила на Законот за стечајци.
Агенцијата за вработување во соопштението до јавноста информира дека при поднесување на барањето, невработеното лице треба да приложи само лична карта на увид, а сите останати документи ќе бидат собрани по службена должност.
– Оттука, не се точни наводите кои беа изнесени во медиумите од страна на некои невработени лица во центарот за вработување Велес дека при поднесување на барањето на невработените лица им се бараат да достават и други документи, освен лична карта и нивно лично присуство, се вели во соопштението.
Доколку има вакви случаи каде на невработените им се бара дополнителна документација, освен лична карта, од Агенцијата за вработување ги повикуваат граѓаните да контактираат на веб адресата info@аvrm.gov.mk, на факс број 23 111-856 или по пошта на адресата: улица Васил Ѓоргов 43, 1000 Скопје.
Од петокот Агенцијата за вработување почна да ги прима барањата за добивање материјален надомест во износ од 7.100 денари од лицата кои останале без работа од 2000 година до 31 декември лани, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна државна сопственост.
Согласно измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица, барањата ќе се примаат во законски утврдениот рок од 30 дена, односно до 22 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


