Козметичката компанија „Авон“ ги претстави новитетите на пазарот. Станува збор за нов луксузен кармин за апсолутна боја, нов парфем „авон фем“ (Avon Femme) и нова маскара „аеро волјум“ (Aero Volume).
Новата револуционерна колекција кармини кои ги негуваат усните преку 6 различни компоненти беа претставени на почетокот на 2014 година. Луксузните кармини истовремено обезбедуваат и прекрасна боја и мултикорисни формули за напредно негување на усните, сега во само еден кармин. Со иновативната тру-колор технологија која содржи самообновливи пигменти и гарантира вистинска долготрајност на шминката, овој повеќенаменски кармин обезбедува екстремно интензивни бои кои се достапни во 20 различни нијанси.

Новиот прфем има софистициран мирис, мирисните цветови се надополнуваат со одбрани овошки и топли сензуални дрва. Овој парфем во горните ноти има пенлива мешавина од црвен портокал, круша и ливчиња од темјанушка; срцевината открива букет од магнолија, ливчиња од јасмин и дива орхидеја, додека пак во основата содржи комбинација од килибар, мека лушпа од праска и мошус за долготраен мирис.
Тргнувајќи од фактот дека 75 проценти од сите купени маскари се маскари за поголем волумен, компанијата „Авон“ создаде маскара со уникатна воздушеста бестежинска формула која ја обвива секоја трепка поединечно со лесен волумен. Со помош на оваа технологија трепките изгледаат природно и остануваат подигнати со часови. Во новата маскара „аеро волјум“ (Aero Volume) е употребена револуционерната зерогравити технологија. Маскарата има и уникатна четкичка во облик на ѕвезда која вертикално ги подигнува трепките и рамномерно ја распоредува формулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


