| четврток, 6 декември 2018 |

Во ноември потрошено 1,3 процент повеќе струја

без струјаДомашната бруто-потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават-часови, што е за 1,3 процент повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во домашната бруто-потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29,5 проценти, а домашното бруто-производство со 70,5 проценти.
Во ноември 2013 година вкупно се увезени 21.459 милиони нормални метри кубни природен гас, што е за 64 проценти повеќе во однос на увозот во истиот период од претходната година.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 84,5 проценти, додека финалната потрошувачка со 15,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top