Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се кандидира за нов претседателски мандат. Иванов одлучил да ја прифати иницијативата што ја покренаа група интелектуалци, а која доби поширока политичка и граѓанска поддршка, потврдија за МИА дел од потписниците на иницијативата.
Својата одлука претседателот Иванов се очекува да ја соопшти денеска во 13 часот преку обраќање до јавноста.
Иницијативата беше потпишана од преку 50 интелектуалци, доктори, академици, свештени лица од повеќе религиозни заедници и од спортисти. Иницијативата ја потпишале и вицепремиерот Зоран Ставрески, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Аеродром Ивица Коневски, на Прилеп Марјан Ристески, пратеникот Антонио Милошоски, доктор Весна Јаневска, директорот на УЈП Горан Трајковски, Ашим Зекировски, градоначалниците на Охрид Никола Бакрачески, на Кисела Вода Биљана Беличанец – Алексиќ и на Македонска Каменица Дарко Митевски и Владимир Неловски од УМС на ВМРО ДПМНЕ.
Потписниците од владејачката партија бараа претседателот Иванов да ја добие партиската поддршка на конвенцијата на партијата закажана за 1 март на која ќе биде избран претседателскиот кандидат за претстојните претседателски избори.
На списокот за поддршка се потпишале и докторите Александар Шиколе и Михаил Пенев, музичарот Гарабет Тавитијан, уметниците Зоран Љутков, Игор Стојчевски, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Валентин Светозарев, како и Татјана Баевска Вучковиќ, Ленче Неловска, Гордана Петрушевска и други.
ВМРО-ДПМНЕ веќе го објави и списокот на сите делегати за претстојната Конвенција. Нивниот вкупен број, во согласност со одлуките на Извршниот и Централниот комитет на партијата, е 1.300.
Рокот за пријавување кандидати за претседател е до среда до 20 часот. Досега до партијата се пристигнати иницијативата за кандидирање на актуелниот претседател Ѓорге Иванов и кандидатурата од професорот Јове Кекеновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево