| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста во Црна Гора пониска од 15 проценти

senka luge

На Бирото за работа во Црна Гора во моментов се пријавени 34.570 лица, а стапката на невработеност во оваа држава изнесува само 14,9 проценти, соопштил Заводот за вработување.

Најголемата стапка на невработеност во Црна Гора е регистрирана во јули 2000 година, и тоа 32,7 проценти, а во август 2009 година била регистрирана најниска стапка на невработеност од 10,1 проценти.

Заводот од почетокот на оваа година евидентирал 1.184 нововработени, а издадени се 2.646 работни дозволи на нерезиденти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top