| четврток, 6 декември 2018 |

Еклстоун: Од страв не прашувам како е Шуми

Големиот маг во Формула 1, Берни Еклстоун, и Михаел Шумахер никогаш не беа блиски пријатели иако заедно одбележаа значаен дел од историјата на популарниот спорт. Се познаваат повеќе од две децении, а несреќата на Шуми на скијање, по која легендарниот ас се наоѓа во кома, ги врати спомените кај Берни.

– Посакувам да се врати стариот Шуми. Се плашам од лоши вести и затоа воопшто не ги прашувам луѓето како е. Се надевам дека сè ќе биде во ред – изјави 83-годишниот Еклстон.

Шумахер доживеа страшна несреќа на скијање во Франција, во декември лани, и сè уште не е разбуден од кома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top