Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска во центарот за обука во Идризово ќе присуствува на отворањето на работната средба на претставници на полициите на земјите од Западен Балкан и од ЕУ посветена на иницијативата на македонската полиција за формирање експертска група на земјите од Западен Балкан за справување со нелегалната трговија со оружје.
На средбата, на која ќе присуствуваат и јавниот обвинител Марко Зврлевски, како и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавко, е предивдено министерката Јанкулоска да има свое поздравно обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



