Според британскиот весник Гардијан, во ЕУ има 4,5 милиони бездомници и 11 милиони станови во кои не живее никој. Преброено по држави, во Шпанија има 3,4 милиони празни куќи и станови, во Франција и Италија по 2 милиони, во Германија 1,8 милиони, а во Велика Британија 700 000 празни станови. Покрај тоа, многу празни објекти има во големите туристички комплекси.Стотици илјади станбени единици се урнати пред да бидат доизградени во обид да се подигне цената на постоечките недвижнини.
Во Шпанија 14% од становите се невселени. Цените на недвижнините во оваа земја од 2004 до 2008 пораснаа за 44%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


