Американската полиција во сојузната држава Тенеси пронашла Фолксваген Буба, украдена пред 40-тина години во Детроит, но сега не може да го пронајде сопственикот кој ја пријавил кражбата. Кражбата во 1974 година ја пријавил Џозеф МекДоналд, но телефонскиот број што тогаш го оставил повеќе не е во употреба.
Бубата произведена 1965 година е откриена во јануари на пат за Канада, од каде требало да биде пренесена во Финска за реставрирање. Возилото со фабричка црвена боја, по кражбата било префарбано во бела боја, а последниот сопственик на возилото не знаел дека било украдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


