| четврток, 6 декември 2018 |

Русија го спори легитимитетот на новата украинска власт

medvedevВладата во Русија се сомнева во легитимитетот на новото раководство во Украина откако од позицијата претседател на државата беше отповикан Виктор Јанукович, порача рускиот премиер, Дмитриј Медведев. Тој оцени дека признавањето на власта по политичкиот пресврт во Киев од западните држави било „отстапување од нормалата“. Преодната влада била „во реалноста резултат на вооружен револт“. Руското министерство за надворешни работи претходно го критикуваше „заземањето на власта“ од страна на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top