За да ја зголемите шансата за воспоставување нови пријателства – но и за овој свет да биде поубаво место – насмевнувајте се често на непознати лица, на улица, во редовите во продавници, во фитнес-центарот, во автобус.
Поголемиот број луѓе се уверени дека пријателите се свесен избор, но психолозите тврдат дека се работи за – случајност. Често се случува да се зближиме со лица за кои никогаш не би претпоставиле дека можат да ни станат добри пријатели.
Честиот престој во близина со некое лице, како и истите интереси, всушност, е одлучувачки фактор за склопувње на пријателство. Се случува пријателствата да се формираат дури и меѓу познаници кои, на пример, сосема случајно, речиси секојдневно, се сретнувале во иста продавница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.