| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер прегазил велосипедист пред несреќата

Mihael-Šumaher1

Михаил Шумахер на 17 ноември минатата година предизвикал тешка сообраќајна несреќа во близина на Севилја во која тешкоповреден бил велосипедист.

Шпанските медиуми пишуваат дека тоа било строго чувана тајна. Германецот тогаш возел изнајмен „ауди А4“ и на еден кружен тек го удрил велосипедистот кој имал предност.

Човекот паднал и ја скршил раката која морала да му биде оперирана. Полицијата интервенирала и го составила извештајот, а истрагата и натаму е во тек во Севилја.

Според шпанските медиуми, целиот случај најверојатно нема да дојде до суд бидејќи осигурувањето на Шумахер се понудило да плати обештетување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top