| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска банка со години бара штедач за да му врати 100.000 евра

makedonska banka

Штедач во Македонска банка, за која во тек е ликвидациска постапка, веќе неколку години не се јавува да побара да му се врати штеден влог од 100.000 евра, од кои 20.000 евра треба да му се исплатат од Фондот за осигурување депозити, а 80.000 евра од стечајната маса на банката, јави „Економски лидер“.

Во фондот велат дека има повеќе случаи во кои штедачи од пропаднатите банки и штедилници со години не се јавуваат да побараат отштета иако станува збор за многу големи суми, кои достигнуваат до 20.000 евра, пишува „Нова Македонија“.

Нина Настева, директорката на Фондот за осигурување депозити, вели дека е зачудена што не се јавуваат штедачите што имаат за земање солидни суми како отштета.

– Навистина е изненадувачки што, и покрај тоа што во земјава постојано се зборува за сиромаштија, има лица што по шест или седум години сѐ уште не се јавиле да си ги подигнат парите што им следуваат. Во наш интерес е штедачите да си ги подигнат парите – вели Настева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top