Најмалку 100 демонстранти се приведени денеска пред судот во Москва, каде им се изрекува пресуда на осуммината обвинети за учество во масовните немири и напад врз полиција на 6 мај 2012 година, кога десетици илјади луѓе протестираа поради третиот претседателски мандат на Владимир Путин.
Денешното апсење е резултат на нарушување на јавниот ред и мир, соопшти руската полиција, додавајќи дека некои од приведените носеле затворски униформи, а еден имал маска на Путин. Меѓу уапсените е и лидерот на протестите Алексеј Навални.
Две од членките на панк групата „Пуси рајот“, Марија Аљохина и Надежда Толокоњиева, кои за време на Олимписките игри во Сочи се уапсени поради кражба па потоа ослободени, денеска им се приклучија на демонстрантите пред судот за поддршка на обвинетите во судскиот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



